СЗТК НАРОДНА ТЕХНИКА - БЕРОВО


Генерални информации
  Адреса “ МОША ПИЈАДЕ “ БР: 49     
  Тел: 033/470-178   Факс:
  email: verce976@yahoo.com   web:

СМОТРА НА МЛАДИТЕ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ БЕРОВО

На 13.05.20010 година во основното училиште Дедо Иљо Малешевски во Берово се осржа 12 – тата по ред регионална смотра на млади природници и техничари на која учество зедоа учениците од основните училишта од : Берово ( “Дедо Иљо Малешевски “, “Никола Петров Русински “ ) ; Пехчево ( “ Ванчо Китанов “) ; Делцево ( “ Ванчо Прке “ , “ Св Климент Охридски “) и Кочани (“Раде Кратовче “ ). Од вкупно пријавени 46 кандидати се одбраа најдобрите кои ке го претставуваат регионот на претстојното државно првенство.


Регионална Смотра на младите техничари и природници од Република Македонија

Под организација на Народна техника на Република Македонија со регионалните канцеларии на НТ на 13.05.2010 четврток во Берово во основното училиште Дедо Иљо Малешевски се организира Регионална смотра на младите техничари и природници за учениците од основните училишта.


КРАТОК ИЗВЕШТАЈ НА РАБОТАТА НА
НАРОДНА ТЕХНИКА - БЕРОВО

          Народна техника – Берово е форимирана во далечната 1948 година и до денешен ден опстојува и работи како СЗТК – Народна техника Берово.
Таа има сопствен дом во центарот на Берово од 1975 година, свои простории во кои ги извршува програмските активности успешно по клубови и секции.
Во последните неколку години поточно од 1998 година е регионален центар за техничка култура  за општините  Берово, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Виница. Програмските активности се одвиваат согласно со Извршниот одбор на Народна техника на Македонија и одделението за техничка култура при Министерството за образование и наука на Р. Македонија.
Во својата работа Народна техника – Берово од своето постоење до денес постигува врвни резултати. Многу млади натпреварувачи учествуваат во сите области на техничката култура на регионалните, државните и меѓународните натпревари (порано и на натпревари на сојузно ниво во рамките на СФРЈ) каде има постигнато завидни резултати и освоено  награди и признанија.
Активностие се организираат во просториите во Домот на Народна техника Берово, по клубови од кои се РК “Дивна” Фото кино клубот “Малеш”, КК “Јованчо Дракалски”, учество на републички натпревари во трактористи, и учество на “Макинова” саем на пронајдоци (каде имаме освоено врвни резлултати и пронајдоци -  признаени и применети) а во соработка и со основните и средните училишта од регионот работа по секции од кои поважни се наука на млади и малди техничари и природници со учество на државните и  меѓународните натперави.
На пример  Тања Аждерска како член на РК. “Дивна” Берово  е четирикратен светски шампион во примање и предавање на морзеови знаци во РУФЗ и учесник на повеке светски и европски првенства во ХСТ. (радиоаматерите од клубот Дивна ја сочинуваат поголемиот дел од репрезентацијата на Макдонија на последните првенства во Романија, Белорусија, Србија, Бугарија и Италија од каде се врартија со осовени медали. Други  поистакнати членови се и Ленче Калпачка и Милена Фурнаџиска. Членовите на РК. “Дивна”  како домаќини учествуваа 2005 година во Охрид каде Тања Аждерска го собори светскот рекорд во дисциплината РУФЗ, во Белорусија Милена Фурнаџиска освои сребрен медал во РУФЗ,  во Охрид Ленче Калпачка освои две медали во истата дисциплина. Со право можеме да речеме дека на надобар начин го претставија РК. “Дивна” и Народна техника, градот Берово и Репупблика Македонија.
Голем придонес во развојот на техничката култура, образование и воспитание Народна техника Берови има дадено и преку своите клубови и  постојани активности. Тие се состоеја во континуирано побудување на интерес кај децата и младината за стекнување  знаење од областа на техничките и природните науки како и знаење и вештини  од производствените занимања; постојаното одкривање и и помагање на младите таленти во областа на приородните науки и техниката; постојано иницирање на активност потрага по иноватори и пронаоѓачи, рационализатори и помагање на нивниот развој, во  оваа дејност токму тие актвности многу придонесоа за облкување на многу стручнаци доктори  на науки  и професори на универзитетите. Тие што денес ги развиваат усовршуваат техничките и природнте науки, а поминале во клубовите на Народна техника – Берово.
Успесите на Народна техника се големи но и проблемите се големи. Таа се соочува со многу сериозни проблеми на организациски кадровски и финансиски план.
Изразит е проблемот на осовременување на програмските актвности. Треба да се прават посеби напори програмските проекти да бидат поатрактивни  и во согласнот со потребите  и интересите на членството и на императивите на новото време.
Посебен проблем одржувањето на објектите со кои располага организацијата. Иако можеме да се пофалилме со доста голем простор за реализирање на програмските активности  (што ретко го имаат домовите на техничката култура во Република Македонија) тој од ден на ден станува се полош во користење и реализирање на актвностите. Голем дел од просториите не се реновирани и тешко се одржува. Во истата состојба е најголем дел од опремата што се користи за програмските активности. Ако во минатото можевме да се пофалиме со најовремени апарати и уреди  денес сме на пат да дел од опремата има само музејска вредност.
За истакнување е и  проблемот исплата на плати и придонеси за вработените во Народна техника – Берово. Средствата што ги добиваме за таа цел од Министерството за образование и наука се минимални и не се доволни да ги покријат придонесите на вработените.  (имаме неплатено придонеси за 4  (четири) години).
Организацијата е во безизлезна состојба нема финансиски можности да ги плати долговите и да држи чекор со унапредување на техничките и организациските предизвици на новото време.

          Почитувани! Народна техника Берово не е во можност сама да ги реши финансиските проблеми . Минимални се сопствените финансиски средства  и недоволни за одржување и егзистирање на  домот за техничка култура. Сметаме дека и вие сте заинтересирани за постоење на оваа организација, и сте заинтересирани за иднината на младите од нашиот регион и градот, а овој дом за техничка култура и понатаму да биде расадник на малди таленти, техничари, научници, експерти и иноватори.
Секако дека мило ке ви биде таа да постои и делува и да се одржува,  овој убав дом за младите генерации да го  поминат слободно време во учење работа и иновирање во клубовите.
Народна техника Берово е од големо значање не само за градот Берово и Малшевијата туку и за регионот затоа да направиме се да истиот пнатаму опстојува, работи и постигнува успеси на сите надпревари.  


ПРОГРАМСКИ  СОДРЖИНИ НА ОСНОВНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ КЛУБОВИ НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

 

Клубови кои учествуваат во реализацијата на  програмата на Народна техника - Берово, се во следните училишта: О.У. “Дедо Иљо Малешевски” и подра-чните училишта од Берово, О.У. “Климент Охридски” и О.У. “Ванчо Прке” и по-драчните училишта од Делчево, О.У. “Кирил и Методиј” од М.Каменица и О.У. “Ванчо Китанов” од Пехчево.
Напред наведените клубови својата активност во ширењето на техничката култура  ја остваруваат во секцииите за слободни активности по следните предмети: Агротехника, Астрономија, Астронаутика, Применета Биологија, Екологија, Применета Географија, Применета Математика, Метеорологија, Применета Физика и Применета Хемија, а по техничките области во кабинетите по техничко образование за коишто постојат услови.
Во повеќето училишта работат секциите по: Воздухопловно моделарство, Бродомоделарство, Ракетно моделарство, Сообраќајно моделарство, Градежни-штво и Архитектура, Електроника и Компјутерска техника.    
За одвивање на фото секцијата за учениците во основните училишта, а и во домот на Народна техника - Берово во фото и кино видео клубот “Малеш” имаме технички потешкотии бидејќи се работи со многу стара и дотраена опрема, а исто така и во домот на Народна техника - Берово ги има секциите по: Воздухопловно моделарство, Бродомоделарство, Ракетно моделарство, Сообраќајно моделарство, Градежништво и Архитектура, Конструкторство и Електроника.
Сите тие клубови и секции го сочинуваат сојузот на клубови на  млади техни-чари и природници од Беровскиот регион.
Преку програмите на напред наведените клубови и секции по научно техни-чките области младите стекнуваат општи знаења и вештини, со што понатаму се овозможува индивидуалната способност за творењето, конструкторството и лични-от пристап да дојдат до полн израз.
Во рамките на клубовите се реализираат програми и содржини на струковите сојузи, а како финална активност е учеството на многубројните манифестации од областите на техничката култура.

 

РАДИОАМАТЕРСКИ  КЛУБ “ДИВНА “ - БЕРОВО

Радиоаматерскиот клуб “Дивна”- Берово е најактивен клуб во Народна техника - Берово и еден од најактивните клубови и со најмногу обучени радиотелеграфисти во Република Македонија кој секоја година успешно реализира богата програма иако со минимални финансиски сретсва.  
За 2009 година се предвидени  следниве активности:

  1. Курсот по радиотелеграфија.
  2. Курс по АРГ.
  3. Курс по фонија.
  4. Кондицирање на радиотелеграфистите, а ќе  продолжат  со кондицирање и оние радиотелеграфисти кои имаат од претходно се  членови на Државната НЅТ репрезентација за  учествувано на престојното Светско првенство во НЅТ;
  5. Надпревари во ХСТ (во клубот);
  6. надпревари во АРГ (во клубот);  
  7. Радиоаматерите од радио клубот “Дивна” - Берово, кои веќе учествуваат на клубски, регионални, државни а се надеваме дека според остварените резултати (први места во категориите пионерки и јуниорки, втори места во категориите пионерки и пионери) поголем дел од нив ќе влезат и во составот на Државната НЅТ репрезентација за учество на  Светско првенство во НЅТ кое ке се одржи во Полска( но навреме да бидеме информирани)..

 

Од оваа година во просториите на Народна техника Берово се организираат курсеви по англиски јазик и математика покрај останатите курсеви што се наведени погоре.