Генерални информации
| Адреса |
| Тел: 047/ 237 388 |
| email: stojanovski.stojan@yahoo.com |
ВАЖНО
СООПШТЕНИЕ - КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ
[За
повеќе информаци кликни го линкот]
Народна
техника - Битола е формирана во 1946 година со цел
преку повеќе форми на организирање на
граѓаните да помогне во управувањето и совладувањето
на проблематиката на повеќе технички сознанија кои
биле од значење за поствоената изградба,
индустријализација, електрификација и
домаќинствата.

Денеска Народна техника - Битола
е граѓанска асоцијација која целосно е во функција
на проширување и збогатување на воспитно‡образовната
дејност во согласност со наставни курикулуми за
слободни технички активности за учениците од
основните и средните училишта.
Основните
цели и задачи на Народна техника - Битола е
поттикнување,, проширување и омасовување на
техничката култура преку разни форми на организирање
со посебен акцент на отткривање, стимулирање и
насочување на талентираните ученици.
Како
институционална структура во неа делуваат повеќе
клубови и секции се организираат обуки за ученици од
IV до VIII одделение од
следниве области:
1.
Информатика
2.
Кино-видео
техника
3.
Фото техника
4.
Градежништво и
архитектура
5.
Бродомоделарство
6.
Воздухопловно
моделарство
7.
Ракетно
моделарство
8.
Електроника
9.
Екологија
10.
Радио техника
11. Сообраќајно моделарство

Покрај
едукативната дејност каде учениците се здобиваат со
организирани и систематски знаења, умеења и вештини
од овие области на техничките науки и моделарско-макетарски дисциплини, Народна техника
- Битола
спроведува Општински и Регионални
натпревари, а многу често е и домаќин на Државни
натпревари, смотри и манифестации кои во основа
вршат препознавање, идентификација, поттикнување,
афирмација и валоризација на надарени ученици.
Народна
техника - Битола е организатор на:
-
Натпревар
на земјоделски работници - трактористи
-
Школа по
информатика
-
Интернационален фестивал на аматерскиопт
документарен филм “ Камера 300”
-
Детски
семафор
-
Сообраќајно - техничка култура на младите
-
Клубска
изложба на фотографии
-
Општински
натпревар “ Во светот на информатиката”
-
Државни и
маѓународни натпревари од областа на техничката
култура
Со своето
синергетско, координирано и комплементарно делување
по пат на партнерства и продуктивни соработки пред
се со формалниот образовен систем, во Народна
техника - Битола годишно обуките ги следат над 300
ученици од Основните и Средните училишта. За
одбележување е дека учесниците на курсевите, обуките
и натпреварите денеска се еминентни стручни лица во
својата работа и дејност кои несебично помагаат како
инструктори, членови на комисии, ментори, предавачи.