И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
За активностите на
Народна техника - Битола и
Кино клубот ,,Студио
Милтон Манаки,, - Битола
за Октомври -
Декември 2009 год.
Активностите на организациите
- членки на Народна техника - Битола претежно беа насочени кон организација на
XVII
Интернационален
фестивал на аматерски документарен филм
„Камера 300“.
Согласно насоките на Организациониот одбор на фестивалот, беа евидентирани сите
пристигнати филмови на фестивалот (73 филма од 12 земји) при што најголемиот дел
од активностите беа од 25.10. до 31.10.2009 год. Имено во овој период пристигнаа
членовите на жирито во состав : Илинденка Петрушева - претседател, Владо
Анѓелковиќ, Владимир Илиев и Панде Манојлов - членови, кои на 28 и 29.10.2009
год. ги прегледаа сите пристигнати филмови и одлучија кои филмови ќе бидат
наградени и прикажани во официјална проекција.

На 30.10.2009 год. свечено
беше отворен ЏВИИ Интернационален фестивал на аматерски документарен филм
,,Камера 300,, и беа доделени наградите на авторите присутни на фестивалот.
Покрај авторите, како гости на фестивалот беа членови на кино клубови од земјата
и старнство (Србија и Бугарија), како и претставници на Кино Сојузот на
Македонија, од Народна техника на Македонија, Кинотека на Македонија, Филмски
фонд на Македонија, Конзули, претставници на локалната самоуправа и други гости
љубители на филмот.

Фестивалот беше поздравен со
телеграма од Лугано - Швајцарија од Градоначалникот на Битола, Господинот
Владимир Талевски, а го отвори Директорот на Кинотеката на Македонија - М-р Мими
Ѓоргоска - Илиевска.
По отворањето на фестивалот беа прикажани сите наградени филмови на фестивалот,
а следниот ден беше втората
официјална проекција на избраните филмови.
По завршувањето на фестивалот беше изготвен билтен и истиот дистрибуиран до сите
автори, организации, федерации во земјата и странство, како и наградите на
авторите кои не беа присутни на фестивалот (Естонија, Хрватска, Англија,
Шкотска).

Во текот на Ноември Кино
клубот ,,Студио Милтон Манаки,, учествуваше на два меѓународни фестивали. На
фестивалот ,,КРАФ,, во Риека (Хрватска),кој се одржа 15 - 17.11.2009 год. членот
на клубот Светислав Подлешанов ја освои бронзената плакета на фестивалот за
филмот ,,49-та... сеќавања,,. На фестивалот ,,ТОТИ,, во Марибор - Словенија, кој
се одржа 20 - 22.10.2009 год. авторот Љупчо Петровски, член на кино клубот, за
филмот ,,Последниот зимбиљ,, освои специјална плакета за документарен филм.
Активистите на Народна
техника и Кино клубот ,,Студио Милтон Манаки,, продолжија со презентација на
фестивалот во земјата и странство. Така, беа реализирани разговори за
организација - презентација на фестивалот со Кино клубот ,,Либурнија,, од Риека
- Хрватска за взаемно презентирање на ФАДФ ,,Камера 300,, бо Риека, односно
,,КРАФ,, во Битола, како и во неколку гардови во Македонија. На 20.11.2009 год.
на покана на Народна техника - Пробиштип беше презентиран фестивалот преку
проекција на наградените филмови, при што на авторот Горјанчо Досев од Пробиштип
му беше врачена наградата за монтажа за филмот ,,Старото училиште,,.
Презентацијата беше во соработка со Домот на културата во Пробиштип и локалната
самоуправа.
Договорено е до крајот на
годината фестивалот да биде презентиран и во Радовиш, Кавадарци, Велес и Штип.
Во Битола, во Основните училишта ќе бидат организирани презентации со прдавања
за филмот и филмската култура, а се започнува на 27.11.2009 год. со Основното
училиште ,,Елпида Караманди,,.
Во овој период, покрај
споменатите активности, во тек е активноста на Компјутерскиот клуб, преку
школата за информатика.
Школата ја поседуваат 75
талентирани ученици од Основните училишта и тоа во две групи - почетна и
напредна група. Школата својата активност ќе ја заврши со завршетокот на И
полугодие од учебната 2009/10 год. при што учесниците на школата ќе полагаат
завршен тест и ќе им бидат доделени дипломи.
НАРОДНА ТЕХНИКА - БИТОЛА
Секретар
Стојановски
Стојан