Компјутерски
клуб
“
Народна
техника”
-
Битола
Компјутерскиот клуб на Народна техника -
Битола е формиран на 26.01.1988 год кога е и инсталиран кабинет со 7 компјутери
(марка SEM Turbo PC – XT).
Со почетокот на учебната 1988/89 година
почнува да се изведува првата факултативна настава по информатика во нашиот град
со 77 основци од О.У.” Коле Канински” согласно верифицирана наставна програма.
Во наредната 1989/90 година соработката се
проширува со уште 5 основни училишта и вкупниот број на ученици кои ја
посетуваат наставата се зголемува на 168.
Учебната 1990/91 година се смета за година од
која се започнува со перманенто откривање и стимулирање на надарени ученици во
областа на информатиката. Имено тогаш се опремуваат
кабинети по информатика во 2 Основни училишта во градот ( дотогаш кабинет
со компјутери тип Марта имаше само О.У.Гоце Делчев) кои на обука во ги испраќаат
учениците кои покажуваат особен интерес и талент кон оваа област. Истата година
нашиот кабинет се збогатува со 3 нови компјутери АТ-286.
Оттогаш па до денес Компјутерскиот клуб на
Народна техника - Битола станува инператив за квалитетни обуки и откривање и
стимулирање на надарени ученици како преку целата учебна година така и преку
организација на натпревари, летни
школи за надарени и активен зимски распуст за консултации и подготовка на
ученици за Државни натпревари.

Од 1995 година со цел
собирање, откривање и стимулирање на надарени ученици се одржува И-от Општински
натпревар по информатика под мото “ Во светот на информатиката” на кој учество
зедоа 30 ученици од 5 Основни и 18 од 3 Средни училишта од нашиот град кои
твореа на тема “ Примената на компјутерите во образовниот систем - компјутерско
потпомогнато учење”. Поради квалитетот на пристигнатите програми изработени во
повеќе програмски јазици и пакети како и поради успешноста на одбраната ,
оценувачката комисија предложи доделување на 5 (пет) награди и дипломи наместо
на 3 (три). За одбележување е дека во Основните училишта се јавуваат надарени
ученици кои дадоа посебен белег во смисла на посебен начин, приод и метод во
програмирањето и поставија високи стандарди за верификација и оценување како :
првопласираниот
Никола
Караманди VII одд О.У. “Гоце Делчев”-
кој денеска работи во сферата на Њеб дизајнот за германски клиенти,
второпласираниот
Никола Трајчевски
VIII одд
О.У. “Гоце Делчев” кој подоцна
својот раскошен талент го докажа како првопласиран на многу натпревари - денеска
работи како програмер во Швајцарија, третопласирана беше
:
Александра
Видимче VII одд О.У. “Стив Наумов”,а
на четврто и петто место се пласираа
:
Слободанка
Ристевска VIII одд О.У. “Елпида
Караманди”и
Слободан Ристевски VII одд О.У. “
Св.Климент Охридски”.
Од Средните училишта првото место му припадна
на
Александар Мемца III год ЕМУЦ “Ѓорѓи Наумов”,
второто на
Сашо Стојановски
III
год ЕМУЦ “Ѓорѓи Наумов”, трето на
Зоран
Јанакиевски I год ЕМУЦ “Ѓорѓи Наумов”,
а на четвртото и петтото место се пласираа
Николче
Василевски
III
год ЗУЦ “Кузман Шапкарев”и
на
Бојан Димовски I год ЕМУЦ “Ѓорги Наумов”

Учеството на Државните
натпревари во организација на Народна техника на Македонија
- Смотра
на
КМТП
и
Движење
-Наука
на
младите
во
сите
години
резултира
со
освојување
на
први,
втори
и
трети
места.
Најмладиот
учесник
на
Државната
Смотра
на
КМТП
по
областа
Компјутерска
техника
е
членот
на
Компјутерскиот
клуб
- четвртоодделенката
Кристина
Спировска
од
О.У.
“ Св.
Климент Охридски” -Битола (денеска демонстратор на ПМФ на групата за
информатика) во 1997 година.
Најмладиот
освојувач на И место во истата област е членот на Компјутерскиот клуб
-
шестоодделенецот Јосип Џолонга од О.У. “ Гоце Делчев” - Битола во 2002 година (
денеска студент по информатика на престижен Универзитет во Германија).
Прва
и досега единствена девојка -членка на Компјутерскиот клуб која освоила
I (прво ) место на Државниот натпревар “ Движење - наука на младите” во 2004 година е средношколката Маја Аврамовска ИИ година од Гимназијата “Јосип Броз - Тито”, која како надарен ученик на Општинските и Регионалните натпревари по информатика се појавува мошне рано од својата 12 година. Денеска е студент на Медицинскиот факултет во Скопје и посебно се интересира за софтверите во медицинските апарати.
Дека Компјутерскиот клуб на Народна техника -
Битола се покажува и докажува како расадник на таленти покажува и фактот што
победникот на Движење - Наука на младите во 2002 година - Николче Михајловски
тогаш ученик во ЕМУЦ “ Ѓорѓи Наумов”
станува дел од четиричлената Македонската
репрезентација и учествува на Балканијадата во Белград и на Светското првенство
по информатика од 16-24.08.2002 година во Јужна Кореја. Денеска е дипломиран
информатичар и работи како програмер.
Следната 2003 година уште еден
средношколец-член на Компјутерскиот клуб станува член на Македонската
репрезентација по информатика. Натпреварите ги започнува на 11 годишна возраст,
на 12 победува на општинскиот натпревар “ Во светот на информатиката”, на 13
години е првак на Смотрата на КМТП во Струмица, на 16 и 17 е двапати првак на
Движење - наука на младите, а на 18
е учесник на Балканијада во Романија и Светско првенство по информатика од
16-23.08.2003 година во Винсконсин-С.А.Д.. Денеска е докторант на Универзитетот
во Софија и програмер за електрониката во автомобилската индустрија.
Од ова може да се види дека Компјутерскиот
клуб на Народна техника -Битола покрај обуката, откривањето и негувањето на
надарени ученици, одигрува голема улога во стимулирањето на учениците кон
професионалното ориентирање и поттикнување кон струки од техничко-технолошките
науки.
Радува фактот што од година во година
старосната граница на учениците на обуките се намалува. Најмладиот учесник на
обуките во Компјутерскиот клуб е запишан 2006 година кога
имаше само 7 години или I (прво) одделение. Виктор Китанов од О.У.
“Св.Климент Охридски”- Битола денеска е на 5 (петти) степен и посетува часови за
Интернет и е IV одделение.