Врз основа на програмата за работа на Народна техника на
Македонија и Народна техника - Битола, одобрена од Министерството за образование
и наука на Р. Македонија, објавена во Службен весник на РМ , Народна техника -
Битола објавува:
К О Н К У Р С
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ЗА СЛЕДНИВЕ ШКОЛИ:
1. ШКОЛА ПО ИНФОРМАТИКА
2. ФИЛМСКА ШКОЛА
3. ФОТО ШКОЛА
Уписот е ограничен, односно се запишуваат од секое училиште по 2 ученика за
секоја област. Школите се бесплатни и траат до 10 јуни со фонд од 36 наставни
часа, по однапред утврдена програма, усогласена со редовната наставна програма
за продлабочување на знаењата од овие области.
Школите започнуваат со работа на 06.03.2010 год. во 10:00 часот во кабинетите на
Народна техника - Битола .
Пријавувањето на учениците ќе го вршат учениците писмено, преку доставениот
формулар‡пријава. Пријавите да се достават најдоцна до 05.03.2010 година.
Учениците уште за првиот час да си носат прибор за пишување (тетратка и
пенкало).
Школите се подржани од:
- Министерството за образование и наука на Република Македонија
- Кино Сојузот на Македонија
- Фото Сојузот на Македонија
НАРОДНА ТЕХНИКА
Битола, Февруари 2010