НОВОСТИ

Јубилеј - 65Години Сојуз на здруженија за техничка култура на Република Македонија - НАРОДНА ТЕХНИКА

                                                                                                                     [Повеќе]

 

Народна техника - Битола објавува:

                                                     К О Н К У Р С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА СЛЕДНИВЕ ШКОЛИ:

ШКОЛА ПО ИНФОРМАТИКА

ФИЛМСКА ШКОЛА

ФОТО ШКОЛА

 

Уписот е ограничен, односно се запишуваат од секое училиште по 2 ученика за секоја област. Школите се бесплатни и траат до 07.04.2012 год, освен Информатика која трае до 10 јуни 2012 год. Школите се спроведуваат по однапред утврдена програма за слободни технички активности која е усогласена со редовната наставна програма од основното образование.

Школите започнуваат со работа на 11.02.2012 година ( сабота)

                                                                                                                     [Повеќе]

 

Почитувани,
Фото клубот “ Стив Наумов” - Битола кој работи во составот на Народна техника -     Битола има особена чест и задоволство да Ве извести и покани на Првиот Научен собир кој се одржува во пресрет на 145 години од првото фотоателје во Битола.
Во рамките на Научниот собир ќе се постави изложба на стари фотографии изработени во битолски ателјеа од познати битолски и други фотографи.

                                                                                           превземи pdf верзија

 

Започнува со работа мулти едукативниот центар на Народна Техника на Република Македонија

СЗТКМ Народна Техника на Република Македонија распишува конкурс за упис на ученици за курсеви од областа на Автоматика и Роботика. Со овој курс е планирано учениците да се запознаат со основните поими од областите автоматика и роботика како и практично да ги осознаат техниките на автоматско управување, склопување и програмирање на едукативни роботи. Учениците за време на часовите ќе имаат можност сами да експериментираат и да ја поттикнат креативноста во создавање на нови програми и форми на роботи. Курсевите ќе се одржат во просториите на СЗТКМ, во училница опремена со компјутери и соодветни нагледни средства (компјутерски управувачки уреди, LEGO роботи и мали робот возила), а од страна на стручни предавачи кои работат  во овие области. Во првиот циклус на курсеви е предвидено да се одржат 10 часа (по 2 во една работна недела),  а во текот на годината се планирани три циклуси на курсеви. Пријавувањето на кандидатите ќе трае од 10-ти Ноември до 10-ти Декември 2011 год. Почетокот на курсот дополнително ќе биде објавен. Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават по email: zoran@atcm.org.mk или на телефон: 02 3238357 и 070 269 944.

    

    

 

 

СООПШТЕНИЕ - „НАУКА НА МЛАДИТЕ“

Пријавување на теми за учество на 48-от Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија од Сојузот на здруженија на млади истражувачи – “Наука на младите” почнува и ќе трае до 1 март 2012 година.


                                                                                                                        [Правилник
]

                                                                                                                              [Пријава]

 

Од 18-22 октомври 2011 на Скопскиот саем во Хала 4 се одржа 31-та Меѓународна изложба на пронајсоци, технички унапредувања, нови производи и творештво на млади “МАКИНОВА 2011” и 9. Меѓународната изложба на технички унапредувањаи иновации од областа на животната средина “ЕКОНОВА 2011”.

                                                                                                                          [Записник]

 

 

На 30.10.2011 година се одржа 8-от  ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН  ARDF  /ARG/   МАРАТОН .. КАТЛАНОВСКА БАНЈА – 2011 ..

                                                                                                                [Резултати]

 

Оддржан 52-от Државен натпревар на трактористи од Република Македонија

На 16 октомври 2011 година во општина Градско се одржа 52-от Државен натпревар на трактористи од Република Македонија. Домаќин на натпреварот беше земјоделскоит комбинат ВАРДАР03 ад - Градско.

   

   

                                                                                                                        [Повеќе]

 

 

XIX Интернационален фестивал на аматерскиот (непрофесионален) документарен филм CAMERA 300

 

   

                                                                                                                        [Повеќе]

 

52-ри НАТПРЕВАР НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ РАБОТНИЦИ - ТРАКТОРИСТИ ОД РЕГИОНОТ БИТОЛА, РЕСЕН, ДЕМИР ХИСАР, ПРИЛЕП, КРУШЕВО, НОВАЦИ И МОГИЛА

Овогодишниот 52-ри по ред Регионален натпревар на земјоделските работници - трактористи од општините Битола, Новаци, Могила, Ресен, Демир Хисар, Прилеп и Крушево во организација на : Народна техника - Битола, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на РМ - Регионален центар - Битола и Регионалната Стопанска комора - Битола, се одржа во Битола на 29.09. 2011 година.

                                                                                                                     [Повеќе]

 

Регионален натпревар на трактористи во с. Неготино - Гостивар

На 03 октомври 2011 на атарот од с. Неготино – Гостиварско се одржаа втори регионални тракторски натпревари, организирани од: АПРЗ РЕ Гостивар, Народна техника на Македонија– Гостивар, и Месната заедница на с. Неготино.

                                                                                                                     [Повеќе]

 

Регионален натпревар на трактористи во Облешево - 2011

На 27 Септември 2011 во Облешево се одржаа регионален натпревар на трактористи.

 

 

 

     

 

 

СООБРАЌАЈНО-ТЕХНИЧКА КУЛТУРА

Во организација на Народна техника – Битола, Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата- Битола и АМД „Ѓорѓи Наумов“- услуги од Битола, од 20-ти до 30-ти Септември 2011 год. во сите Основни училишта од општините Битола, Новаци и Могила со учениците од I ( прво) одделение ќе се одржи сообраќаен час на тема  „ Поголема безбедност во сообраќајот - од дома до училиште и назад“.
Наставната единица ќе ја реализираат инструктори од Народна техника-Битола, СВР-Битола и наставници од Основните училишта.
На сите ученици од I ( прво) одделение ќе им бидат подарени тетратки со сообраќајни знаци и моливи – донација на АМД „Ѓорѓи Наумов“- услуги од Битола.

                                                                                             „ Народна техника“- Битола

 

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

Во организација на  Народна техника на Р. Македонија и Народна техника- Битола на 29 Септември 2011 год.  ќе се одржи 52-от Регионален тракторски натпревар.


На натпреварот ќе учествуваат по една екипа од општините Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила и 3 екипи од Битола ( едан екипа ја сочинуваат 2 натпреварувачи). За прв пат оваа година Организаторите ќе го организираат натпреварот според Правилникот на Светската организација на орачи, во која членуваме три години. Натпреварот ќе се одржи на површините на Средното Општинско земјоделско училиште „ Кузман Шапкарев“ – Битола.
Механизацијата за натпреварот ја обезбеди „ Симпекс“- Битола

ПОКАНА

                                                                                             „ Народна техника“- Битола

 

 

Врз основа на Програмата за работа на Сојузот на здруженијата за техничка култура - „Народна техника” - Битола, за учебната 2011/2012 година објавува

 

ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ШКОЛАТА ПО ИНФОРМАТИКА

Во Школата по информатика се запишуваат 50 ученици од Основните училишта. Запишувањето се врши од 8:00 до 13:00 часот во просториите на Народна техника (зад Спортската сала) со пополнување на Пријава или на контакт телефонот 237 - 388.
Огласот трае до 22 Септември 2011 година.  Се запишуваат ученици од IV, V, VI, VII и VIII одделение.
Школата со работа започнува на 23.09.2011 година (петок), со почеток во 10:00  и  14:00 часот. Истата трае едно полугодие, а по завршувањето учениците добиваат Диплома.


                                                                                            ШКОЛАТА  Е  БЕСПЛАТНА
                                                                                            Контакт телефон: 237 - 388

                                                                                            „Народна техника“ - Битола

 

ИНФОРМАЦИЈА

Започна со работа фото работилницата на која учествуваат 20 млади фото аматери, од кои 10 се од градот Корча - Р. Албанија и 10 членови на фото клубот „Стив Наумов“ кој работи во составот на Народна Техника - Битола.

Фото работилницата ќе трае до 24 Август 2011 год. Во десетдневното траење на работилницата ќе се работи во црно-бела техника и дигитална техника. На 24 Август 2011 год. ќе биде организирана изложба на фотографии изработени од сите учесници.

 

„Народна техника“ – Битола и Кино клубот „ Студио Милтон Манаки“ оваа година учествуваат на „Битфест 2011“.
На 20 Јули 2011 год со почеток во 21:30 часот во Магазата ќе бидат прикажани филмови од ФАДФ „ Камера 300“ насловена како „ Градот на филмските великани„.
Се очекува, како и минатата година, и оваа година голем број љубители на филмот да го проследат изборот на филмови што ќе бидат прикажани.

Програмa - БИТФЕСТ 2011

Покана- БИТФЕСТ 2011

 

Б И Л Т Е Н ЗА НАТПРЕВАР "ДЕТСКИ СЕМАФОР - 2011" РЕГИОН БИТОЛА, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА Н А Р О Д Н А Т Е Х Н И К А - Б И Т О Л А, ОПШТИНСКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА – БИТОЛА И АМД ,, ЃОРЃИ НАУМОВ,, - БИТОЛА

                                                                                                                                 [Повеќе]


 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ

Организира летни курсеви од областа на:
- Моделарство
- Роботика
- Автоматикa                                                                                                       [Повеќе]

 

Од 27. до 29. мај во градот на културата за 2011 г. – Гевгелија, во организација на Фото сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија, по 49. пат се одржа традиционалната манифестацијата Денови на македонската фотографија. Овој годишен собир на фотографите од државава беше составен од два дела: отворање на самата изложба и фото школа.


Во саботата навечер, во 20:30ч., во просториите на Пионерскиот дом, пред многубројната домашна публика и гостите од останатите градови Градоначалникот на Гевгелија г-дин Иван Франгов ја отвори изложбата, а Претседателот на Фото сојуз на Македонија г-дин Боро Рудиќ ги додели наградите и признанијата на авторите. Освен наградите за најуспешни фотографии, беа доделени и најновите звања во ФСМ: Мајстор на фотографијата на Цветан Гавровски и Боро Рудиќ, како и Фотограф I класа на Сања Бутерин, Владимир Секуловски и Дарко Петровски.


Фото школата, пак, организирана во месноста Смрдлива вода, во близина на Гевгелија, траеше од петокот до неделата. 10-ната млади фотографи ги слушаа предавањата на Владимир Арсовски (техника на снимање модели со вештачко светло), Раде Луковиќ (пејсажна фотографија со модели), Драги Неделчевски (личен, субјективен поглед на фотографијата со осврт на теоријата за документарност во фотографијата) и Владимир Јовановски (дигитална обработка на фотографиите).
Поставката ќе биде отворена до 8. јуни.

                                                                                                                           [Повеќе]

 

Извештај за 40ти државен фестивал на непрофесионален филм

 

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ - ОРАЧИ, ЛИНДЕВАД - ШВЕДСКА 2011

Од 6 - 16 мај во Линдевад - Шведска се одржа 58то Светско натпреварување на орачи. Учество зеде и Македонија, во организација на Народна Техника на Македонија и Сојузот за техничка култура во стопанството на Република Македонија. Репрезентацијата од Република Македонија ја сочинуваа:

- Перо Митрев - член на управниот одбор на Светската организација на орачи

- Зоран Соколовски - судија на Светското натпреварување

- Васко Јончиќ - Новаци - натпреварувач со реверзибилен плуг

- Стојне Наковски - Пробиштип - натпреварувач со конвенционален плуг

                                                                                                                         [Повеќе]

 

Денови на образование и кариера 13-15.04.2011

                                                                                                                     [Повеќе]

 

Правилник и пријава за XIX Интернационален фестивал на аматерскиот (непрофесионален) документарен филм – CAMERA 300 – Битола 2011

 

Н А Р О Д Н А Т Е Х Н И К А - Б И Т О Л А
ОПШТИНСКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАќАЈОТ НА ПАТИШТАТА – БИТОЛА АМД ,, ЃОРЃИ НАУМОВ,, - БИТОЛА

 

НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА - Б И Т О Л А
48 - ма ОПШТИНСКА ОЛИМПИЈАДА НА МЛАДИТЕ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ БИТОЛА 2011

 

48-ма ДРЖАВНА СМОТРА НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА - КУМАНОВО 2011

                                                                                                                      [Повеќе]

 

 

Резултати од 48-та државна смотра на млади техничари и природници од Република Македонија - Куманово 2011

 

Средба со шведскиот амбасадорот во Скопје Lars Wahlund  и фармери од Шведска на претставници од Сојузот на здруженија за техничка култура во стопанството - Народна Техника и репрезентацијата на земјоделците – трактористи што ќе учествува на 58-то светското првенство во орање во Линдевал – Шведска.

 

Македонски центар за фотографија - известување за КУРС ЗА СТУДИСКИ ПОРТРЕТ

 

Проф. Христина Спасевска, претседателот на народна техника беше поканета од страна на Советот на Европа да го посети Брисел. Посетата се одвиваше од 14 до 17 март 2011 и беше во  рамките на  студиската на програмата 'Народи за Народи' на тема 'Едукација во природните науки'
Целта на посетата беше добивање информации за Европските политики и програми кои што се однесуваат на природните науки, иновациите и истражувањето, како и размена на искуства и знаења кои ке овозможат идна соработка помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија.

 

Пропозиции за 40-тиот Државен фестивал на непрофесионален филм КИЧЕВО 2011

 

РЕЗУЛТАТИ ОД 47-ТА ДРЖАВНА СМОТРА НА МЛАДИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - НАУКА НА МЛАДИТЕ ВЕЛЕС ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ - 2011

                                                                                                                [Повеќе]

 

Работен состанок во просториите на СЗТКМ - Народна Техника, одржан помеѓу Претседателот на СЗТКМ - Народна Техника Проф. Д-р. Христина Спасевска и претставникот од CEI (Central European Initiative) Dr. Gianfranco Cicognani експер за наука и технологија.

 

Одржано редовно годишно Собрание на СЗТКМ на ден 11.01.2011 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје.

 

К О Н К У Р С

За запишување на ученици од основните училишта за следните курсеви и школи - Народна Техника - Битола

                                                                                                                                 [Повеќе]

 

18-ти Интернационален фестивал на непрофесионален документарен филм „КАМЕРА - 300“ - Битола

Наградени филмови

 

7-МИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ARDF МАРАТОН

24 Октомври 2010 Катланово - резултати

[повеќе]

 

ARG Шампионат 11 Декември 2010 - Брчко

[повеќе]

 

ВАЖНО!!! Информации за жирирање на Денови на македонската фотографија
[овде...]

 

Маѓународен фестивал на непрофесионален историски филм

На покана на Кино клубот “ Мадарски Коник” и Сојузот на Алтернативно кино на Р. Бугарија, четири члена делегација од Кино клубот “ Студио Милтон Манаки” присуствуваше на 4от Маѓународен фестивал на непрофесионален историски филм - Шумен 2010 од 24 до 26 Септември 2010 година ..Повеќе

ИЗЛОЖБА ВО БЕЛГРАД
Во галеријата АРТГЕТ на Kултурниот центар во Белград од 15 септември до 03 октомври 2010 година ќе се одржи эаедничка иэложба на уметниците Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски. На иэложбата која што носи наслов NATURA MORTA ќе бидат иэложени 24 големоформатни фотографии иэработени на платно. ...Повеќе

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2010

Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година  и е најстара фотографска манифестација во државава. Оваа година ќе се одржат по 48-ми пат. Во рамките на оваа манифестација ќе се одржи и конкурс за младинска изложба (за автори до 21 година) и фото школа. ...Преглед на целиот документ овде

 

Светски фестивал на неэависен филм

На 72. Светски фестивал на неэависен филм што се одржа од 28.08 - 04.09. 2010 во Einsiedeln, Швајцарија, македонскиот автор Богоја Стојкоски Пусторекански член на Кино сојуэот на Македонија освои бронэен медал эа филмот Неуспешен лет. На фестивалот беа прикажани 141 филм од 32 држави ....Повеќе

ОДДРЖУВАЊЕ НА 51   РЕГИОНАЛЕН  ТРАКТОРСКИ  НАТПРЕВАР
М О Г И Л А  -  2010

Резултати

[повеќе]

Покана за 51 Државен тракторски натпревар- Старо Нагоричане 9 Октомври 2010

[повеќе]

ОДДРЖУВАЊЕ НА 51-ВИОТ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА ТРАКТОРИСТИ-ОРАЧИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Натпреварот ќе се оддржи во Кумановскиот регион во Старо Нагоричане на 9 Октомври

ОДДРЖУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ НА ТРАКТОРИСТИ-ОРАЧИ ОД 10-25 СЕПТЕМВРИ

Натпреварувањата ќе се оддржат во следниве региони:
- Битолски регион
- Пробиштипски регион
- Гостиварски регион
- Струмички регион
- Скопски регион

Регионален натпревар на трактористи - Облешево 2010

[повеќе]

 

Регионален натпревар на трактористи - Гостивар 2010

[повеќе]

 

СВЕТСКИ НАТПРЕВАР НА ОРАЧИ ОД 08-18 МАЈ 2011 ВО ШВЕДСКА

И ОВАА ГОДИНА БЕСПЛАТНА ИНФОРМАТИЧКА ШКОЛА!!!

ПРЕГЛЕД НА ОГЛАСОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКА ШКОЛА!

РЕЗУЛТАТИ ОД 47-ма ДРЖАВНА СМОТРА НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- СТРУМИЦА

 

Кон другите видеа

РЕЗУЛТАТИ ОД 46 ДРЖАВНА СМОТРА НА МЛАДИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ГОСТИВАР

Македонскиот центар за фотографија
Ве поканува на
ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА
П Е Ј З А Ж
 
16  –  22 јули 2010 во х. Алпина, Маврово
Предавачи: Румен Ќамилов и Роберт Јанкулоски  
          
______________________________________
 
Летната школа е дел од проектот Поинаков поглед кој е поддржан од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан

                                                                                                                             [Повеќе]

 

ФОТО КЛУБ “ЕЛЕМА“ ВЕ ПОКАНУВА

На годишната клупска изложба на фотографии на Фото клуб „Елема“ од Скопје, која ќе се отвори во среда, 16. јуни 2010, во Културно информативниот центар, со почеток во 20:00 ч. На изложбата ќе бидат претставени 40-тина фотографии од 13 автори членови на клубот. Фотографиите се тематски разновидни и со различни формати, а претставуваат пресек на творештвото на членовите на Фото клуб „Елема“ од изминатата и оваа година.

Претседател на ФК ЕЛЕМА
Дарко Петровски

Превземете ја поканата овде

Школа по Информатика во Компјутерскиот клуб на Народна техника - Битола

Школата по информатика во второто полугодие од учебната 2009/2010 година започна на 01.03.2010 година и траеше до 10.06.2010 година. Неа ја следеа 52 ученика. Поставенуиот курикулум е реализаиран со 25 наставни часа.
На Школата беа запишани 52 ученика од Основните училишта од Битола на 5 различни модули:

                                                                                                                             [Повеќе]

 

Македонија ќе учествува на 57. Светско првенство во орање во Нов Зеланд
Николче и Стојне во трка за најдобар орач на светот

Во конкуренција од 32 земји од светот нашите претставници Николче Талески од Новаци и Стојне Наковски од Пробиштип ќе се натпреваруваат во категоријата тешки трактори

                                                                                                                             [Повеќе]

РЕГИОНАЛНА СМОТРА НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ

Во  Организација на Сојузот на здруженијата за техничка култура  Народна техника - Кичево во Основното училиште Кузман Јосифоски Питу во Кичево на 18.05. 2010 година  се одржа се одржа Регионална смотра на Млади техничари и природници .

                                                                                                                             [Повеќе]

На 12 јуни 2010 ќе се оддржи 47-мата Смотра на младите техничари и природници од Република Македонија

Превземете ја програмата овде

На 29 мај 2010 ќе се оддржи 46-тата Смотра на младите истражувачи од Република Македонија

Превземете ја програмата овде

РЕГИОНАЛНИ СМОТРИ НА МЛАДИТЕ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Под организација на Народна техника на Република Македонија со регионалните канцеларии на НТ во долу наведените градови односно Сојузот за СКМТП ги организира регионалните смотри на младите техничари и природници од Република Македонијаза учениците од основните школи и ке се одржат во следниве градови

1.Кавадарци во основното училиште Димката Ангелов Габерот на 08.05.2010 сабота
2.Берово во основното училиште Дедо Иљо Малешевски на 13.05.2010 четврток
3.Велес во основно училиште Васил Главинов на 15.05.2010 сабота
4.Битола во основното училиште Гоце Делчев на 14 и 15.05.2010 петок и сабота
5.Прилеп во основното училиште Кочо Рацин на 15.05.2010 сабота
6.Куманово во основното училиште Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци на 15.05.2010 сабота
7.Струмица во основното училиште Сандо Масев и во Народна техника на 15.05.2010 сабота
8. Кичево во основното училиште Кузман Јосифовски Питу на 18.05.2010

Наш свет и Народна Техника организираат Фото конкурс

Право на учество имаат сите ученици од основните училишта во РМ. Секој учесник има право да конкурира со максимум 5 фотографии (црно бели или колор) со резолуција не помала од 250 dpi. Ваштите фотографии испраќајте ги на email адреса: tehnika.narodna@gmail.com

                                                                                                                             [Повеќе]

39 ДРЖАВЕН ФЕСТИВАЛ НА НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛМ
КАВАДАРЦИ 2010

Фестивалот ќе се оддржи од 14-15.05.2010 во Кавадарци

dfrr                                                                                                                             [Повеќе]

TРИБИНА НА ТЕМА “ПРИДОНЕСОТ НА НЕВЛАДИНОТ СЕКТОР ВО ОПРЕДЕЛБАТА НА МЛАДИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ОРИЕНТИРАЊЕ КОН ПРИРОДНИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ НАУКИ”

Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија - Народна техника во  рамките на Саемот за обрзование и кариера беше организатор на трибина на тема “Придонесот на невладинот сектор во определбата на младите за професионално ориентирање кон природните и техничките науки”. Трибината се одржа на 16 април во Конгресниот центар при Скопски саем. Воведно излагање на трибината имаше проф. д-р Христина Спасевска, претседател на СЗТКМ-Народна техника на тема “Капацитети на СЗТКМ-Народна техника во стимулирање на  активностите на младите во областа на природните и техничките науки”.

                                                                                                                               [Повеќе]

МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРЗОВАНИЕ И НАУКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НИКОЛА ТОДОРОВ ГИ ДОДЕЛИ НА ДОГОВОРИТЕ НА НОСИТЕЛИТЕ НА ЈАВНИ ОВЛАСТУВАЊА ЗА 2010 ГОДИНА

Договорите на 24 носителите на јавни овластувања од Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија - Народна техника за 2010 година беа доделени од страна на министерот за обрзование и наука на Република Македонија, Никола Тодоров.  [Повеќе]

 

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НА ТЕМА “КВАЛИТЕТЕН ВОЗДУХ ЗНАЧИ КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ”
svetskabanka1
Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија – Народна техника во рамките на проектот “Квалитетен воздух значи квалитетен живот” организираа три работилници во текот на месеците февруари и март во најзагадените градови во Република Македонија: Скопје, Битола и Велес. На работилниците учествуваа ученици од повеќе средни училишта.                                                                                                                                [Повеќе]

 

СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ТЕХНИЧКА КУЛТУРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - НАРОДНА ТЕХНИКА БЕШЕ УЧЕСНИК НА САЕМОТ ЗА ОБРЗОВАНИЕ И КАРИЕРА

Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија - Народна техника  учествуваше на Саемот за обрзование и кариера, што се одржа од 14 до 16 април, на Скопски саем.  Нашата организација во реализација на активностите беше партнер на Образовно информативниот центар, главен организатор на саемот.                                                                                                                                [Повеќе]

 

Извештај на рецензионата комисија на пријавените апстракти за 46-та Државна Смотра на младите истражувачи од Република Македонија „Наука на младите“ 2010


Светско првенство на трактористи, Нов Зеланд 2010



Од 10-19 април, во Метвен, Нов Зеланд ќе се одржи 57то Светско првенство на трактористи.  Учеството на натпреварувачите е организирано од страна на Народна техника на Македонија - Сојуз за техничка култура во стопанството на Македонија.
                                                                                                                               
[Повеќе]


Наградени филмови на 40
ти КРАФ фестивал на аматерски филм

На 14 ноември 2009 година, во Арт киното во Хрватска се одржа 40тиот КРАФ аматерски - филмски фестивал меѓу кои се прикажа и The year of 49 (memories), филмот на Светислав Подлешанов од „Милтон Манаки“ - Битола и освои
III награда во конкуренција на 20-тина аматерски филмови кои беа прикажани на овој фестивал.
                                                                                                                                [Повеќе]


50ти Државен натпревар на трактористите од Република Македонија


Од 9-10 октомври 2009 година, во Новаци, Битола, се одржа 50тиот јубилеен државен натпревар на трактористите од Република Македонија, во организација на СЗТКМ Народна техника на Македонија, Сојузот за техничка култура во стопанството на РМ и Народна техника Битола. На овој натпревар учествуваа околу 100 натпреварувачи во 4 категории:
- Тешки трактори,
- Лесни трактори,
- Лесни трактори (младинци) и
- Лесни трактори (младинки).
                                                                                                                                 
[Повеќе]
Учество на 56 Светско првенство во Моравске Топлице, Словенија