Општина Пехчево им оддаде признание на најуспешните на МАКИНОВА и КАТЛАНОВО 2014

По повод најновиот успех на учениците од ООУ „Ванчо Китанов “- Пехчево и Гимназијата „ Ацо Русковски ’’- Берово, остварен на деновиве одржаната саемска манифестација на изложба на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско креативно творештво МАКИНОВА 2014 и радио техника КАТЛАНОВО 2014, градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, денеска приреди прием за учениците заедно со нивните ментори, кои во оваа учебна година освоија вредни награди на разни домашни и меѓународни натпревари.

Повеќе...

Светски ден на науката 07.11.2014

По повод Светскиот ден на науката, Народна Техника Берово, присуствуваше во Народната канцеларија на претседателот г-дин Ѓорге Иванов.

Учество на Макинова - Еконова 2014

СЗТК Народна Техника Берово учествуваше на Меѓународниот саем Макинова - Еконова 2014.

Единаесетти АРГ натпревар Катланово 2014

На традиционалниот АРГ натпревар кој се одржува по 11-ти пат во Катланово, на 5-ти октомври 2014 година, СЗТК Народна техника - Берово учествуваше со 6 натпреварувачи.

Учениците од Малешевијата доминираа на државните натпревари во знаење

Традиционално како и секоја година наградените ученици на државните натпревари имаа прием кај Градоначалникот на Општина Берово, кој што им ги додели освоените Дипломи и Пофалници.
на 10.05.2014 се одржа државната олимпијада на млади техничари и природници во Пехчево.На олипијадата  присуствуваа 320 натореварувачи од цела Македонија кои се натпреварува во 23 дисциплини.Од  ООУ „Дедо Иљо Малешевски“- Берово се здобија со дипломи  следните  ученици: 
 
1. Наталија Читинска - Агротехника -   1 место
2. Радица Пипонска -Астрономија   - 1  место
3. Столе Стојановски  -Екологија   - 1  место
4. Ана Марија Ружинска-градежништво и архитектура -2  место
5. Ангела Кржовска  -Конструкторство- 2  место
6. Бранислав Бошнаковски -Комјутерска техника -2  место
7. Милан Тасевски -Математика -  2  место
8. Бојана Монева - Хемија  -2  место
9. Кире Ралповски радио техника -3  место
додека другите ученици се пофалени.
 
На 17.05.2014г.во Скопје се одржа 50-ти Јубилеен натпревар на  младите истражувачи од Република Македонија.Од  ОСУ „Ацо Русковски“  зедоа учество 10 натпреварувачи кои  се здобија со дипломи:
 
1. Мишела Бошнаковска -Агротехника – 1 место
2. Никола Наџински –Системетика  -1 место
3. Андон Поповски- Географија - 1 место
4. Ана Карафатска -Машинска техника - 1 место
5. Даниел Димовски-Дизајн на веб страница  -1 место
6. Горге Цековски-Компјутерско програмирање  -2  место
7. Марија Ѓоргиевска-Неорганска Хемија    -  3 место
8. Сара Бојчовска -Фармакологија -пофалена
9. Сара Поповска-Растителна физиологија- пофалена
10. Стефанија Крамарска -Модерна физика- пофалена.