48 Државен фестивал на непрофесионален филм

На ден 7-8.06.2019 година се одржа 48 Државен фестивал на непрофесионален филм во Конгресна сала ,хотел Монтана, општина Крушево во оранизација на Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија.На 48 Дрзавен фестивал пристигнати беа 56 филмови од 45 автори од кои 26 се самостојни и 7 клубски.Во официјална конкуренција се примени 18 филмови.48 Фестивал го отвори и ги додели наградите градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

60 ГОДИНИ АКАДЕМСКИ КИНО КЛУБ - Скопје

60 ГОДИНИ АКАДЕМСКИ КИНО КЛУБ - Скопје И РЕВИЈА ОД ХРВАТСКИ ФЕСТИВАЛ НА ЕДНОМИНУТНИ ФИЛМОВИ 25 - 26.10.2019 во Кинотека на Македонија од 20 часот.

 Програма

47-ми Државен натпревар на непрофесионален филм

47ми Државен натпревар на непрофесионален филм кој што се одржа во Спомен куќата Браќа Миладиновци во Струга на ден 01-02.06.2018 фодина во организација на Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија.

 

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ФИЛМСКАТА РАБОТИЛНИЦА ,,ФИЛМОТ И ЈАС,,

         

         Во рамките на своите активности,а според прифатената програма за работа,деновиве во Кино клубот ,,Студио Милтон Манаки,, од Битола кој работи во составот на Народна техника започна со работа филмската работилница ,,Филмот и јас,,.Самата активност е насочена кон едукација на младите граѓани од нашиот град и пошироко да се едуцираат во доменот на филмот и филкмската уметност од тоа како да направат филм и како да го презентираат пред јавноста.

Филмската работилница која започна со работа е работа со талентираните млади автори кои знаат да прават филм, а преку формите и содржините предвидени според програмата ќе се доедуцираат за поуспепшно правење на филм, а во која намера и задача секако ќе им помогнат и едукаторите на самата работилница-познати режисери, монтажери, сниматели, како од градот така и пошироко се со цел талентираните млади да направат успешни дела, а нивното учество на фестивалите биде овековечено со некое признание.

       Годинава, на огласот кој беше распишан во месец ноември се пријавија 35 посетители од основните и средните училишта од градот како и студенти од факултетите во Битола. Филмската работилница својата активност ќе ја обавува и во соседните општини: Новаци, Могила и Демир Хисар, а постои и интерес истата да биде присутна во Ресен. Работилницата ќе ја оправда својата намена и цел, а пред се основната задача e секој посетител направи барем едно свое филмско дело, а по зададени задачи и повеќе како и дела во екипна изработка на филм.

        На крајот од завршувањето на Работилницата секој посетител ќе се здобие со сертификат –диплома за успешно завршената работилница, а поедини и одредени звања во филмскиот аматеризам за нивниот придонес и освоени награди со одличјата во категориите кај филмските аматери.

 

 

Заврши 24-то издание на ФАДФ „Камера 300“

Јубилејната награда -70 години Народна техника на Македонија е  доделена на Филмската школа на КВК „Студио Милтон Манаки“, која работи во составот на Народна техника-Битола. Наградата ја додели Зоран Тодоров, претседател на Народна техника на Македонија.