ЗАПОЧНА СО РАБОТА ФИЛМСКАТА РАБОТИЛНИЦА ,,ФИЛМОТ И ЈАС,,

         

         Во рамките на своите активности,а според прифатената програма за работа,деновиве во Кино клубот ,,Студио Милтон Манаки,, од Битола кој работи во составот на Народна техника започна со работа филмската работилница ,,Филмот и јас,,.Самата активност е насочена кон едукација на младите граѓани од нашиот град и пошироко да се едуцираат во доменот на филмот и филкмската уметност од тоа како да направат филм и како да го презентираат пред јавноста.

Филмската работилница која започна со работа е работа со талентираните млади автори кои знаат да прават филм, а преку формите и содржините предвидени според програмата ќе се доедуцираат за поуспепшно правење на филм, а во која намера и задача секако ќе им помогнат и едукаторите на самата работилница-познати режисери, монтажери, сниматели, како од градот така и пошироко се со цел талентираните млади да направат успешни дела, а нивното учество на фестивалите биде овековечено со некое признание.

       Годинава, на огласот кој беше распишан во месец ноември се пријавија 35 посетители од основните и средните училишта од градот како и студенти од факултетите во Битола. Филмската работилница својата активност ќе ја обавува и во соседните општини: Новаци, Могила и Демир Хисар, а постои и интерес истата да биде присутна во Ресен. Работилницата ќе ја оправда својата намена и цел, а пред се основната задача e секој посетител направи барем едно свое филмско дело, а по зададени задачи и повеќе како и дела во екипна изработка на филм.

        На крајот од завршувањето на Работилницата секој посетител ќе се здобие со сертификат –диплома за успешно завршената работилница, а поедини и одредени звања во филмскиот аматеризам за нивниот придонес и освоени награди со одличјата во категориите кај филмските аматери.