54ти Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија

Ве покануваме на 54ти Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија.

55 ти Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија

На ден 13.04.2019 година се одржа 55 ти Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија „Наука за млади“ од средните училишта во организација на Сојузот на здруженијата на млади истражувачи на Македонија, Наука на мчади и Народна техника на Македонија, а домаќин беше СОУ Перо Наков од општина Куманово. Натпреварот го посетија директорот на инспекторатот за образование и наука г-дин Томе Спировски и началникот за образование на општина Куманово г-дин Жика Стојановски, кој што го отвори и додели наградите.

Работна средба на делегација од Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија -Наука на млади, во Струмица

Посета и работна средба на делегација од Народна техника на Македонија и Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија – Наука на млади, во СОУУД Димитар Влахов од Струмица, со заменик директорот, г-дин Зоран Ристов и договор за 54-ти Државен натпревар на младите истражувачи на Македонија – Наука на млади.

Се оддржа 54-ти Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија - Наука на млади

Се оддржа 54-иот Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија - Наука на млади. Натпреварот е во организација на Народна техника на Македонија, Сојузот на младите истражувачи на Македонија, Наука на млади и Народна техника Струмица.

Оваа година натпреварот се оддржа на 21 април, во СОУУД Димитар Влахов во Струмица, со поддршка на Министерството за образование и наука на Република Македонија и општина Струмица. 

53-ти Државен натпревар на Младите истражувачи од Македонија - Наука на млади

На 13 мај 2017 година во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, се оддржа 53-иот државен натпревар на Младите истражувачи од Република Македонија во организција на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија - Народна техника и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи - Наука на младите.

На оваа традиционална манифестација која се одржува по 53-ти пат, учество зедоа 220 ученици од средното образование во Република Македонија кои имаа можност да ги презентираат своите научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.

На оваа манифестација успех на учиниците им посакаа:

- директорката на гимназијата „Гоце Делчев“ г-ѓа Соња Тодоровска

- претседателката на Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија проф. д-р Љубица Каракашова

- градоначалникот на општина Куманово г-дин Зоран Дамјановски 

- амбасадорот на Р. Словенија проф. д-р Милан Јазбец

Им честитаме на сите наградени ученици, и им посакуваме уште многу успеси во иднина.