ПРАВИЛНИК за учество на 53-от Државен натпревар на младите истражувачи

Државниот натпревар на млади истражувачи од Република Македонија е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во Република Македонија имаат можност да презентираат научно-истражувачки и апликативни резултати од областа на природните науки: астрономијата, биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката, хемијата и нивната примена во: индустријата, енергетиката, сировинската база, производството на храна и комуникациите.

Државниот натпревар на младите истражувачи на Сојузот на здруженијата на младите истражувачи - Наука на младите се организира и претставува манифестација во системот активности на Сојузот на здруженијата на младите истражувачи - Наука на младите.

Оваа манифестација се одржува во втората половина на месец април.

Организатори на оваа манифестација се Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија - Народна техника и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи - Наука на младите. На Државниот натпревар можат да учествуваат натпреварувачи кои се пријавени преку своите училиштата.

1. ОБЛАСТИ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Учениците можат да се натпреваруваат во следните дисциплини:

1. Астрономија

2. Биологија

Биохемија

Систематика

Растителна физиологија

Микробиологија

Фармација

3. Географија

4. Екологија

5. Информатика

Дизајн на веб страници

Компјутерско програмирање

Примена на софтвер

6. Математика

7. Физика

Модерна физика

Електротехника и електроника

8. Хемија

Неорганска хемија

Аналитичка хемија

Органска хемија

Еколошка хемија

9. Автоматика и роботика

10. Агротехника

11. Машинска техника

12. Климатологија со применета метеорологија

13. Обновливи извори на енергија

14. Енергетска ефикасност на објектите

 

Еден натпреварувач може да се натпреварува само во една дисциплина и само со една тема.

2. ПРИЈАВУВАЊЕ НА ТЕМИТЕ

Пријаувањето на темите на натпреварувачите се одвива електронски во три фази:

Прва фаза:

Натпреварувачот ја пријавува темата преку електронскиот систем за пријавување на веб системот на СЗТКМ  http://nm.atcm.org.mk  од 16 јануари до 16 март 2017 год.

Втора фаза:

Организаторот го известува натпреварувачот на неговата електронската пошта дали темата е прифатена да учествува на натпреварот.

Трета фаза:

Темата во три печатени примероци се доставуваат на денот на натпреварот до оценувачките комисии.

Учеството на прифатените теми на Државниот натпревар е обврзано со котизација од 500 ден. Котизацијата се уплатува на жиро сметка на Сојуз на здруженијата на младите истражувачи на Македонија- Наука на младите 300000003606496, депонент Комерцијална банка Скопје со назнака државен натпревар на млади истражувачи”, најкасно 10 денови пред натпреварот.

3. СОДРЖИНА НА ТЕМИТЕ

Темата може да има најмногу 16 печатени страници и да содржи :

Насловна страна

 Резиме

 Вовед

 Теориски основи на појавите опфатени во темата

 Експериментален дел/резултати

 Заклучок

 Користена литература

4. ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ТЕМИТЕ

Сојузот на здруженијата на младите истражувачи -Наука на младите, формира комисија за отценување на темите. Комисија е составена од универзитетски професори, научни работници и други стручни лица од наведените области. Комисијата се состои од три членови.Секој натпреварувач ја презентира својата тема усмено со презентација на видеобим или на постер, како и со изведување на експеримент. Максималната должина на излагањето изнесува 15 минути.

Во предвиденото време комисијата е должна да му овозможи непрекинато презентирање на натпреварувачот.

За дообјаснување на резултатите од темата по завршената презентација од страна на натпреварувачот секој член од комисијата има право да постави по едно прашање.

Вкупното време на одбраната на темата не смее да биде подолга од 20 минути.

За време на одбрана на темите, присуствуваат само натпреварувачите и оценувачката комисија и записничар. Оценувачката комисија е обврзана да ги образложи резултатите пред натпреварувачите и менторите. Одлуката на комисијата е конечна.

5. ЕЛЕМЕНТИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ТЕМИТЕ

Комисијата за оценување на темите ги следи следните елементи на оценување:

1. Методичност во истражувањето, утврдувањето и докажувањето на научниот проблем,

систематичност и прецизност во целокупната постапка на истражувањето .

2. Применливост на научните сознанија во практиката.

3. Изведување на експериментот со користење на уред, инструмент и докажување на

апликативноста на научното истражување на трудот.

4. Изведена сопствена конструкција на уред, апарат, инструмент како резултат на

истражувачка работа на натпреварувачот.

Доколку натпреварувачот нема елементи за оценување од точка 4, предвидените бодови оценувачката комисија според сопствена проценка ги распределува во другите точки од елементите за оценување.

При доделувањето на вкупниот број бодови одлучува и општиот впечаток што ќе го остави натпреварувачот при одбраната на истражувачкиот труд.

6. НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Секој учесник според овие елементи за оценување на темата може да освои од 1 до 100 бода.

 Прво место се доделува за освоени минимум 91 бод

 Второ место се доделува за освоени минимум 81 бод

 Трето место се доделува за освоени минимум 71 бод

Доколку во една област повеќе натпреварувачи имаат освоено повеќе од 91 бод, првото, второто и третото место се доделуваат на оние натпреварувачи кои освоиле најмногу бодови.

За учесниците, врз основа на постигнатите резултати, организаторот доделува дипломи за едно прво, едно второ и едно трето место, за секоја дисциплина, во согласност со критериумите и мерилата за доделување на стипендии за надарени ученици и студенти.

На натпреварувачите со освоени бодови помалку од 71 се доделуваат признание за учество.

Дипломи се доделуваат и на менторите на натпреварувачите кои освоиле награда.

Благодарници се доделуваат на училиштата, факултетите и институциите кои помогнале на натпреварувачите за нивното подготвување и изработка на темите.

7. ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Комисијата за оценување на темите ги оценува темите според елементите на оценување и дава согласност за нивно учество на Државниот натпревар.

Списоците на одобрените и одбиените теми до општинските здруженија за техничка

култура- “Народна техника”, ќе бидат доставени најдоцна до 31 март, 2017 година.

Натпреварувачите чии теми се одобрени од рецензионата комисија се должни даобезбедат апарати , уреди, направи и слично за докажување и демонстрирање на трудот или дел од процесот за докажување на резултатите . Трошоците за храна на учесниците на Државниот натпревар ги покрива организаторот

ВАЖНИ ДАТУМИ

Од 16 јануари до 16 март, 2017

Испраќање на електронска верзија на темите преку електронскиот систем за пријавување на http://nm.atcm.org.mk  до Сојузот на здруженија за техничка култура - Народна техника.

31 март, 2017 Потврда за прифаќање на темата од комисијата на Сојузот на здруженија за техничка култура - Народна техника

7 април, 2017 Уплата на котизација

април, 2017 Одржување на натпреварот

9. ИНФОРМАЦИИ

Народна техника на РМ тел: 02 / 3238 357

Народна техника на град Скопје тел: 02 / 3061 234

Народна техника Битола тел: 047 / 237 388

Народна техника Прилеп тел: 048 / 520 608

Народна техника Кавадарци тел: 043 / 412 851 075 487933

Народна техника Струмица тел: 070 612 222

Народна техника Берово тел: 071 533 911

Народна техника Куманово тел: 031 / 550 607 070 888 456

Народна техника Пробиштип тел: 078 209 080

Народна техника Штип тел: 032 / 520 504

Народна техника Тетово тел: 044 / 340 677

Народна техника Гостивар тел: 070 345 259

Народна техника Кичево тел: 045 / 529 733

Народна техника Велес тел: 071 398 659

 

СЗТКМ- Народна техника

Сојузот на здруженијата на млади истражувачи- Наука на младите

Претседател,  Проф. д-р Љубица Каракашова