Покана за МАКИНОВА 2016 - ЕКОНОВА 2016

 

Почитуани
Имаме задоволство да Ве известиме дека во организација на Сојузот на Пронаоѓачите и Автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ по 37ми пат во континуитет од 1980 година се организира изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско истражувачко креативно творештво МАКИНОВА 2016, придружена со 14та изложба на иновации , пронајдоци и идеи, чија цел е подобрување на животната средина ЕКОНОВА 2016 .Манифестациите се одржуваат на Скопскиот саем, во рамките ТЕХНОМА , во периодот 18 - 22 Октомври 2016 год.
СПАТУМ го упатува ПОВИКОТ до производните компании, научно истражувачките организации, факултети, училиштата, самостојните иноватори, клубовите на младите техничари и природници да учествуваат на најголемата манифестација во Македонија поврзана со инвентивното, креативното творештво МАКИНОВА 2016 и ЕКОНОВА 2016.
Со своето присуство бидете дел од традицијата и инвентивното движење во Македонија, и искористете ја единствената можност да ја промовирате и афирмирате вашата идеја, иновација, пронајдок, нов производ,техничко унапредување, дизајн, трговска марка до пошироката стопанска заедница и јавноста во Република Македонија.
Пријавите за учество се прикачени на www.atcm.org.mk
Вашите пријави ги очекуваме најдоцна до 30 септември 2016 година на адреса :
1000 Скопје Градски Ѕид блок 5 Република Македонија П.ФАХ 14
Тел. ++ 398 02 32 38 357 077554801 http://www.atcm.org.mk mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

П О К А Н А за МАКИНОВА 2015– ЕКОНОВА 2015

РАБОТНА ПРОГРАМА ЗА МАКИНОВА 2015– ЕКОНОВА 2015

12.10.2015 ( Понеделник )

12-17:00 часот Прием на експонати и уредување на штандот

13.10.2015 (Вторник)

11:00 часот Отварање на изложбите

13:00 часот Работа на оценувачката комисија на изложбите

14.10.2015 ( Среда )

11,00 часот Работа на оценувачката комисија на изложбите

17.10 2015 (Сабота)

 

12:00 часот Доделување награди и признанија