Врз основа на Програмата за работа на Сојузот на здруженијата за техничка култура Народна техника - Битола , за учебната 2010/2011 година објавува
О Г Л А С
ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ШКОЛАТА ПО ИНФОРМАТИКА
Во Школата по информатика се запишуваат 50 ученици од Основните училишта. Запишувањето се врши од 8:00 до 13:00 часот во просториите на Народна техника (зад Спортската сала) со пополнување на Пријава или на контакт телефонот 237 - 388.
Огласот трае до 22 Септември 2010 година. Се запишуваат ученици од IV, V, VI, VII и VIII одделение.
Школата со работа започнува на 27.09.2010 година (понеделник), со почеток во 10:00 и 14:00 часот. Истата трае едно полугодие, а по завршувањето учениците добиваат Диплома.
ШКОЛАТА Е БЕСПЛАТНА
Контакт телефон: 237 - 388
Народна техника - Битола