НАУКАНАМЛАДИТЕ English version
- Народна техника на Македонија,
- Сојуз на здруженијата на младите истражувачи
- Аплицирање

Примени теми 2004 (.zip/word)

Препораки
Правилник

Download:
Правилник
Урнек за труд

Аплицирањето за Наука на младите се врши со испраќање на:
- пополнета пријава (во пријавата е содржано и кратко резиме на трудот на македонски јазик)
- кратко резиме на трудот на еден светски јазик
- три исчукани/испринтани примероци на целиот труд
- трудот во електронски формат (дискета или CD)
на адресата наведена во правилникот најдоцна до 15 Април.

Комплетниот правилник за учество, со потребната адреса, објаснување на начинот на оценување како и формуларот за пријавување препорачуваме да го симнете и прочитате целосно:

Правилник + пријава.pdf*
во Adobe Acrobat Reader формат

Правилник + пријава.doc*
во Microsoft Word формат.
(*симнете го документот со десен клик,
Save target as...)

Препораки за изработка на трудот

Трудот треба да содржи:
- вовед
- главен дел на темата
- резултати
- заклучок
- литература
како можно решение за изгледот и структурата на трудот Ви препорачуваме да го симнете, разгледате и искористите за вашиот труд следниов документ:

Урнек за труд.doc
во Microsoft Word формат.

Правилник за учество
(!!! во скратена верзија !!!)

- На смотрата можат да учествуваат заинтересирани кандидати кои претходно се пријавени преку училиштата.
- За смотрата можат да се пријават и колективни трудови но не повеќе од двајца автори.
- Еден или група натпреварувачи (не повеќе од двајца) може да се натпреварува само во една област и само со една тема.
- Пријавите со потребните податоци ( темата, областа што се обработува во неа, името и презимето на авторот, името и презимето на менторот и организацијата со чија помош е изработена, училиште и точна адреса на ученикот ), со резиме за содржина на темата, според приложениот формулар се доставуваат до организаторот на адреса:
Сојуз на здруженија за техничка култура - Народна техника
Поштенски фах 14
Градски ѕид блок 5
1000 Скопје
- Пријавите и темите отчукани во три примероци, со кратко резиме на македонски и на еден од светските јазици на електронски запис (дискета) се доставуваат најдоцна до 15 април на горенаведената адреса.
- Во темита се опфатени: вовед, главен дел на темата, резултати , заклучок и литература. Темата може да има најмногу 15 отчукани страници. Резимето на темата може да биде изнесено најмногу на една отчукана страница .
- Списоците на одобрените и одбиените теми до општинските здруженија за техничка култура- Народна техника, ќе бидат доставени до 15 мај.
- Натпреварувачите чии теми се одобрени од рецензионата комисија се должни да обезбедат апарати , уреди, направи и слично за докажување и демонстрирање на трудот или дел од процесот за докажување на резултатите .
- За трудовите презентирани на оваа Смотра организаторот предвидува издавање на зборник од резимеата на македонски и еден од светските јазици.
- Трошоците за сместување и исхрана на учесниците на Државната смотра ги покрива организаторот , а превозот на натпреварувачите како и патните и дневни трошоци за водачот на екипата и менторите ги покрива испраќачот на екипата.
- Секој учесник на смотрата според овие елементи за оценување може да освои од (1-100) бода .
- За учесниците на споменатите манифестации , врз основа на постигнатите резултати, оцените и мислењата на оценувачките комисии, организаторот доделува дипломи за I, II и III место во согласност со критериумите и мерилата за доделување на стипендии за надарени ученици и студенти.
- I, II или III место по области ќе се доделува под услов да се освојат 91,81,71 бод.
- Смотрата претставува отворена трибина на која можат да бидат присутни сите оние кои ќе покажат интерес за излагањето на учесниците. Секој учесник има право своето излагање да го изврши во време до 20 минути, а комисијата е должна да му го овозможи тоа ,освен ако натпреварувачот не заврши порано од предвиденото време.

^
Сите содржини на овој сајт се сопственост на Народна техника на Македонија ®