15-ти
натпревар на овоштарите од Битола и Ресен
-Народна техника Битола
Петнаесетиот
традиционален натпревар на овоштарите од Битола и Ресен се одржа на
24 Март 2004 на овошните насади на АИК Лозар - РЕ Петилеп-блок Крклино.
Присуствуваа 40 натпреварувачи
од земјоделските училишта, здруженија на овоштари, комбинати, индивидуални производители...
Натпреварот беше организиран во две категории: возрасна и младинска, во практичен
дел - режење на вишнови насади.
Натпреварот го организираше НТ Битола а оценувачката комисија беше составена
од членови на НТ Битола, АИК Лозар, Земјоделски училишта и од Агенцијата за потикнување
на развојот на земјоделството на РМ.
Награди
категорија возрасни:
1. Кенчевски Стевче, АИК Лозар, 40 бодови
2. Поповски Влатко, ЗК Пелагонија, 38 бодови
3. Митковски Цане, Манивиловски Васко, Балаловски Илче, 36 бодови
категорија млади:
1. Ковачевска Марија, ДСЗУ Кузман Шапкарев - Битола, 40 бодови
2. Кире Темелковски, Ресен, 38 бодови
3. Гроздановски Томе, Христовски Благојче; ДСЗУ Кузман Шапкарев - Битола, 38
бодови
На победниците (1, 2, 3 место)
им беа доделени дипломи и награди обезбедени од спонзорите.
|