Нов Зеланд-Интервју по светското првенство
Погледнете ги останатите делови од интервјуто:
Дел1, Дел2, Дел3, Дел4
Делегацијата на трактористи гости во емисијата Аграр на Македонската телевизија.
Интервју за телевизија Телма
51-от Регионален тракторски натпревар од Битолскиот регион во Могила
Овогодишниот традиционален собир на земјоделските работници трактористи од општините Битола, Могила, Новаци, Ресен и Демир Хисар ќе се одржи во општина Могила на 11 Септември 2010 година на парцелите на ЗК “ Пелагонија”.
Традиционалниот собир на орачите ќе се одржи во два дела:
- Првиот дел е трибина на тема: “ Условите и пропозициите за учество на
Светскиот тракторски натпревар”.
- Вториот дел е натпреварувачки односно - орање.
Согласно пропозициите на Светската тракторска асоцијација натпреварот ќе
се одржи во две дисциплини.
Бројот на натпреварувачи оваа година ќе биде намален за 50%.
Организатор на натпреварот е Народна техника - Битола, а соорганизатори се Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Регионалната Стопанска комора и ЗК “ Пелагонија”, а домаќин е општина Могила.
За успешно организирање на натпреварот формиран е Организационен одбор во состав:
- Јордан Кузмановски -Агенција за поттикнување на развојот на
земјоделството
- Вељан Димковски - Регионална Стопанска комора
- Душан Мацановски - ЗК “ Пелагонија”
- Јанче Цилев - Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
- Славе Петровски - општина Могила
- Љубе Шемовски - општина Могила
- Стојан Стојановски - Народна техника


Македонија ќе учествува на 57. Светско првенство во орање во Нов Зеланд
Николче и Стојне во трка за најдобар орач на светот
Во конкуренција од 32 земји од светот нашите претставници Николче Талески од Новаци и Стојне Наковски од Пробиштип ќе се натпреваруваат во категоријата тешки трактори
Во конкуренција од 32 земји од светот нашите претставници Николче Талески од Новаци и Стојне Наковски од Пробиштип ќе се натпреваруваат во категоријата тешки трактори

Трактористите Николче Талески од Новаци и Стојне Наковски од Пробиштип ќе ја претставуваат Македонија на 57. Светско првенство во орање, што ќе се одржи од 10 до 19 април во Медхев, Нов Зеланд, објавува МИА.
Двајцата најдобри трактористи на државното првенство кое недодамна се одржа во Новаци на светскиот собир ќе настапат со претставници од 32 земји од светот.
-Нашите претставници ќе се натпреваруваат во категоријата тешки трактори, вештина за орање со реверзибилен и со конвенционален плуг. Очекуваме добри резултати, од учеството на нашата репрезентација во ова светско семејство каде што ќе настапиме под уставното име на државата, рече Перо Митрев од Управниот одбор на Светската организација на земјоделци-трактористи. Голем предизвик, но и успех и добар пласман на Светското првенство очекуваат и Наковски и Талески, кои утре заминуваат за Нов Зеланд.
Извадок од весник ВЕЧЕР 6. Април 2010
Македонци ќе ораат на Светско првенство во Нов Зеланд
Двајцата најдобри трактористи на државното првенство што неодамна се одржа во Новаци, на светскиот собир ќе настапат со претставници од 32 земји од светот
Трактористите Николче Талески од Новаци и Стојне Наковски од Пробиштип ќе ја претставуваат Македонија на 57. светско првенство во орање што од 10 до 19 април ќе се одржи во Медхев, Нов Зеланд.
Двајцата најдобри трактористи на државното првенство што неодамна се одржа во Новаци, на светскиот собир ќе настапат со претставници од 32 земји од светот.
- Нашите претставници ќе се натпреваруваат во категоријата тешки трактори, вештина за орање со реверзибилен и со конвенционален плуг. Очекуваме добри резултати од учеството на нашата репрезентација во ова светско семејство каде што ќе настапиме под уставното име на државата - рече Перо Митрев од Управниот одбор на Светската организација на земјоделци-трактористи.
Голем предизвик, но и успех и добар пласман на Светското првенство очекуваат и Наковски и Талески, кои утре заминуваат за Нов Зеланд. Настапот е во организација на Сојузот за техничка култура во стопанството на Македонија при Народна техника на Македонија.
На Светското првенство во орање се избираат победници во категориите тешки трактори и вештина за орање со реверзибилен и конвенционален плуг, како и најдобар орач на светот.
Ова е второ учеството на Македонија на Светското првенство во орање. Во минатата година на првенството што се одржа во Моравске Топлице, Словенија, првпат Македонија ја претставија Драги Митев од Паликура, Кавадаречко и Благоја Јовановски од Новаци.
Извадок од весник Дневник 6 Април 2010
Светско првенство на трактористи, Нов Зеланд 2010

Од 10-19 април, во Метвен, Нов Зеланд ќе се одржи 57то Светско првенство на трактористи. Учеството на натпреварувачите е организирано од страна на Народна техника на Македонија - Сојуз за техничка култура во стопанството на Македонија.
Екипата која ќе учествува на 57то Светско првенство на трактористи е следната:
- Перо Митрев - член на Управен одбор на Светската организација на орачи
- Јордан Кузмановски - тренер
- Зоран Соколовски - судија на Светскиот натпревар
- Николче Талевски - натпреварувач
- Стојне Наковски - натпреварувач
Извадок од весникот Фармер, ВРЕМЕ:
НАЈДОБРИТЕ ТРАКТОРИСТИ ЌЕ ОДАТ ВО НОВ ЗЕЛАНД
Покрај
„Народна техника“, Агенцијата редовно е вклучена во
организирање државни тракторски натпревари и оттаму
со задоволство говорат за учеството на македонските
трактористи на светскиот натпревар што годинава ќе
се одржи во Нов Зеланд.- Годинава во Нов Зеланд ќе учествуваат нашите двајца најдобри трактористи кои есенва, на државниот натпревар во Новаци, покажаа врвни вештини во орање. Со задоволство ја прифативме поканата каде ќе присуствува и наша државна делегација бидејќи ќе настапиме под уставното име. Не само што ќе ги видиме светските дострели на најдобрите орачи туку ќе ја видиме и најмоќната земјоделска механизација во светот, а ќе имаме можност и да размениме искуства - рече Кузмановски.
Слики 50ти Државен натпревар на трактористите од Република Македонија во Новаци










