Генерални информации
| Адреса: Бул. “Партизански Одреди” бр. 99 | |
| Тел: 02 306 1234 | Факс: |
| email: nartehsk@gmail.com.mk | web: |
Најново!!! ПОЕДИНЕЧНИ ПЛАСМАНИ НА МЛАДИТЕ ТЕХНИЧАТИ И ПРИРОДНИЦИ ОД РЕГИОНАЛНА СМОТРА НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Смотра на младите техничари и природници!!!
СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ТЕХНИЧКА КУЛТУРА
НА ГРАД СКОПЈЕ
НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ
Домот за техничка култура НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје се наоѓа на територијата на Општина Карпош. и располага со 393 метри квадратни корисен простор.
Во Домот за техничка култура активно работат следните клубови и друштва:
- Клубот за техничко воспитување на деца и младинци со своите секции:
- електроника
- бродо моделарство
- конструкторство
- компјутерска техника
- градежништво и архитектура
- сообраќајно моделарство
- ракетно моделарство
- воздухопловно моделарство.
Во клубот членуваат деца од најразлична возрасти и од нив денеска се произлезени и голем број на еминентни стручњаци во техничките области.
- Фото клуб “Вардар” со своите секции:
- фотографска секција
- применета фотографија
- дигитална техника
Фото кино клубот располага со современа фото лабараторија која има три работни простории, и е една од најсовремените во Македонија .
- Спортски радио ориентационен клуб “ Младост “:

- Друштво на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања:
Во Домот исто така покрај гореспоменатите клубови, работат и Здружението на наставници по ТО на град Скопје “Конструктор”.
Домот за техничка култура, односно клубовите се опремени со современа опрема.
Работни простории во Домот:
- фото и кино лабораторија,
- моделарска работилница,
- работилница на Друштвото на пронаоѓачите,
- универзална сала,
- работилница за електроника,
- училница за информатика,
- столарска работилница,
- канцелариски простор.
Во Домот за техничка култура работат вкупно 5 вработени, од кои двајца се со соодветно стручно звање – Инструктор по одредени области,ди-
пломи издадени од соодветна верификувана организација.
Покрај постојано вработените, голем придонес во реализирањето на програмските активности и постигнувањата на врвни резултати, е и ангажирањето на стручни кадри - волонтери кои се врвни стручњаци во своите области.
Со овој краток опис на нашата организација се надеваме дека реално се представивме.