
СКОПЈЕ, Бул. “Партизански одреди” 99, т елфах 306-1234, е-маил: nartehsk@gmail.com
Жиро сметка 300000000579126 АД Комерцијална банка Скопје, Даночен број 4030984130156
Број: 0701-17 Скопје, 07.05.2010 год.
Известување:
Организацијата на Народна техника на град Скопје, Сојузот на клубовите на младите техничари и природници, Здружението на наставниците по Техничко образование и Клубовите на Народна техника во Скопје, во рамките на своите активности, во текот на 2010 година по 51-ви пат ќе ја организираат традиционалната манифестација - Смотрата на младите техничари и природници, познати под името „Освојуваме нови знаења”.
Во рамките на оваа манифестација, учениците од Основните училишта во градот се натпреваруваат во 23 натпреварувачки дисциплини од природната група предмети застапени низ редовните активности во училиштата и техничките дисциплини што се изведуваат низ наставните содржини на предметот Техничко образование и вон училишните активности кои се реализираат во рамките на Клубовите на младите техничари и природници што делуваат во Основните училишта.
Овогодинешниот број е 40 училишта од градот и неговата околина, со 320 натпреварувачи, избрани како најдобри, низ активностите во училиштата а на Смотрата ќе презентираат врвни знаења пред оценувачките комисии составени од професори на соодветни факултети на Универзитетот, истакнати стручњаци од стопанството во градот и долгогодишни афирмирани активисти на Организацијата на Народна техника на Скопје.
Во натпреварувачките области од техничката и природната група предмети: Агротехника, Астрономија, Астронаутика, Применета биологија, Бродомоделарство, Воздухопловно моделраство. Градежништво и архитектура, Географија, Екологија, Електроника, Компјутерска техника, Конструкторство, Кино и видео техника, Математика, Ракетно моделарство, Сообраќајно моделарство, Применета хемија, Применета физика, Фото техника Роботика и Автоматика, учениците ќе се натпреваруваат во одбрана на домашен труд изработен во училиштето, а преставува макета, модел или натпреварувачки труд, доколку се работи за природната група предмети и обавезната задача која се реализира на самиот ден на натпреварот и е еднообразна во натпреварувачката област за сите учесници – натпреварувачи.
Ценејќи го значењето на оваа манифестација, а со оглед дека и во изминатите 11години истата се одржувала во различни Општини под покровителство на Градоначалниците на Општините, оваа годинаСмотрата ќе се одржи под покровителство на Градоначалник на Општината ЦЕНТАР, господинот ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ со што ќе им укаже посебна чест на младите натпреварувачи, нивните наставници и Организацијата на Народна техника на град Скопје која се јавува како непосреден организатор, да се запознаат со училиштето домаќин во оваа Општина и условите во кои се одржува наставата и другите активности.
Ваквото ангажирање на Организацијата на Народна техника преставува и посебен придонес во професионалното ориентирање на младите кон изборот на нивниот иден животен позив во средното образование, а досегашните сознанија говорат дека еден голем број поранешни учесници во ваквите манифестации се израснати во врвни стручњаци во нашето општество и афирмирани научни работници во разните институции и факултетите на Универзитетите во градот.
Напорите што Организацијата на Народна техника ги прави на ова поле истовремено значат и придонес во ангажирањето на младите кои зачекоруваат во поубава иднина, како и отргнувањето од пороците што секојдневно ги демнат, а со тоа и придонесот во нивното правилно воспитување.
Традиционалната 51-ва по ред Смотра на младите техничари и природници на Скопје, ќе се одржи на 15 Мај 2010 година (сабота) со почеток во 8,00 часот воОсновното училиште „ЈОХАН ХАЈНРИХ- ПЕСТАЛОЦИ” – Центар.
Се надеваме се дека ќе најдете можност да ја следите оваа масовна и долгогодишна манифестација и ги презентирате постигнувањата на младите натпреварувачи, Ви благодариме на соработката, срдечно Ве поздравуваме и Ве покануваме да присуствувате на истата.
НАРОДНА ТЕХНИКА НА СКОПЈЕ
С е к р е т а р
Звонко Петровски