СЗТК НАРОДНА ТЕХНИКА - ШТИП


Генерални информации
  Адреса: Ул. “Јосиф Ковачев” бр. 82
  Тел: 032398080   Факс:
  email: ntstip@freemail.com.mk   web: ntstip.blog.com.mk

НАРОДНА ТЕХНИКА ШТИП

 

stip1

Ул. “Јосиф Ковачев” бр. 82 – Штип

Телефон: 032 389080-520504

Домот за техничка култура НАРОДНА ТЕХНИКА-ШТИП се наоѓа во строгиот центар на градот и располага со 326 метри квадратни кориен простор.
Во домот за техничка култура активно работат следните клубови и друштва:

  • Радио клуб “Никола Тесла“ со своите секции:
    • Радио примо предавателна
    • Радио гониометриска
    • Конструкторска
    • Информатичка
    • Секција за дигитални комуникации

 

  stip2     stip3    stip4                         

stip5

stip6

                         

Радио клубот Никола Тесла располага и со издвоена локација наречена Сушево(во просториите на нашиот аеродром Аеро клуб Штип) со квадратура од 110 метри квадратни, во која се инсталирани сите радио станици и анкетни системи. За постигнатите резултати може да се види на веб страната на клубот.      

 stip7                         

  • Фото кино клуб “Ванчо Прке“ со своите секции:
    • Фотографска секција
    • Кино видео секција
    • Применета фотографија
    • Студио за анимиран филм
    • Дигитално студио

stip8          stip9stip10

   

Фото кино клубот располага исто така и со видеотека, која е  една од првите во Македонија и располага со филмови од најразлични жанрови, како и филмови со научно техничка содржина.     

stip11         

  • Аеро клубот “Штип“ со свои секции:
    • Ракетно моделарство
    • Воздухопловномоделарство
    • обука на едреличари
    • на моторни пилоти
    • падобранци

 
stip12  
Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања SPATU, покрај просториите во Домот за техничка култура, користи и изложбен центар со големина од околу 200 метри квадратни, во која е поставена изложба на експонати од областа на иноваторството од Источниот дел на Македонија и е единствен од ваков вид во Републиката.

stip13

Во домот исто така покрај гореспоменатите клубови, работат и Астрономско астронаутичкото друштво “Галаксија“, Сојузот на клубови на млади техничари и природници, Друштвото на наставници по ОТП, како и друштвото на математичари на Општина Штип.  
Домот за техничка култура, односно клубовите се опремени со современа опрема и може да се каже дека севкупно е еден од најопремените Домови во македонија.

  • Работни простории во домот
    • Фото и кино лабораторија
    • Универзална работилница за моделарско-макетарски дејности
    • Кабинет на Сојузот на пронаоѓачите
    • Пленатериум
    • Уиверзална сала
    • Радио телеграфска училница
    • Работилница за електротехника
    • Кабинет за информатика
    • Конструкторски кабинет (опремен со компјутери) во SPATU.

Во Домот за техничка култура работат вкупно 4 (сега 3 ) вработени, од кои 3 се со соодветно стручно звање – Инструктор по одредени области, дипломи издадени од соодветна верифукувана организација.
Покрај постојано вработените, голем придонес во реализирањето на програмските активности и постигнувањата на врвни резултати, е и ангажирањето на стручни кадри – волонтери кои се врвни стручњаци во своите области
Ваквата поставеност на домот и на клубовите и друштвата придонесе да во повеќе области (радиоаматерство, ракетно моделарство, воздухопловно моделарство, во област на фотографијата и филмот) посебно на полето на иноваторствто во континуитет се постигнуваат врвни светски резултати кои достојно ја преставуваат нашата Република во светот.

 

stip14     stip15

 

 

stip16     stip17