ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НА ТЕМА “КВАЛИТЕТЕН ВОЗДУХ ЗНАЧИ КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ”

Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија – Народна техника во рамките на проектот “Квалитетен воздух значи квалитетен живот” организираа три работилници во текот на месеците февруари и март во најзагадените градови во Република Македонија: Скопје, Битола и Велес. На работилниците учествуваа ученици од повеќе средни училишта. ПОВЕЌЕ....
Проектот е финансиран од програмата мали грантови на Светска Банка со цел промоција на екологијата и заштитата на животната средина. Коорганизатори на работилниците се Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, Сојузот на здруженија на млади истражувачи – наука на младите на Македонија, Здружението за техничка култура – Битола, Здружението за техничка култура – Велес.
Резултатите од проектот покажаа зголемување на свеста кај малдите за значењето на квалитетниот воздух за здравјето и во таа насока за потребата од мерки и активности за подобрување на квалитетот на воздухот во загадените градови.
Интересот за учеството на работилниците беше поголем од очекуваниот. Актуелноста на темата беше интересна за средношколците, кои своите идеи за решавање на некои од проблемите со загадувањето ги дискутираа и презентираа на интерактивниот дел од работилницата. Како еден од основните заклучоци произлезе: итно зголемување на свеста и едуцирање на населението за начините на кои сите ние можеме да придонесеме за почист воздух.
Воедно, активностите што се одвива на работилницитеа ќе ги обучат присутните средношколци да учествуваат со свои теми од истата област на 46-тата Државна Смотра на младите истражувачи од Република Македонија.

Учесници на работилницата во Скопје, на Факултетот за Електротехника и информациски технологии

Презентирање на проектните задачи на средношколците по интерактивната работилница

Предавања на тема квалитетен воздух на работилницата во СОУ„Кочо Рацин“ – Велес

Учесници на работилницата во Битола, на Факултетот за биотехнички науки
Датотеки за преземање:
Leaflet (PDF)