ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА ТРАКТОРИСТИТЕ ОД Р.М.



Нов Зеланд-Интервју по светското првенство

Погледнете ги останатите делови од интервјуто:
Дел1, Дел2, Дел3, Дел4

Делегацијата на трактористи гости во емисијата Аграр на Македонската телевизија.


Македонија ќе учествува на 57. Светско првенство во орање во Нов Зеланд
Николче и Стојне во трка за најдобар орач на светот

Во конкуренција од 32 земји од светот нашите претставници Николче Талески од Новаци и Стојне Наковски од Пробиштип ќе се натпреваруваат во категоријата тешки трактори
Во конкуренција од 32 земји од светот нашите претставници Николче Талески од Новаци и Стојне Наковски од Пробиштип ќе се натпреваруваат во категоријата тешки трактори
trak

Трактористите Николче Талески од Новаци и Стојне Наковски од Пробиштип ќе ја претставуваат Македонија на 57. Светско првенство во орање, што ќе се одржи од 10 до 19 април во Медхев, Нов Зеланд, објавува МИА.

Двајцата најдобри трактористи на државното првенство кое недодамна се одржа во Новаци на светскиот собир ќе настапат со претставници од 32 земји од светот.
-Нашите претставници ќе се натпреваруваат во категоријата тешки трактори, вештина за орање со реверзибилен и со конвенционален плуг. Очекуваме добри резултати, од учеството на нашата репрезентација во ова светско семејство каде што ќе настапиме под уставното име на државата, рече Перо Митрев од Управниот одбор на Светската организација на земјоделци-трактористи. Голем предизвик, но и успех и добар пласман на Светското првенство очекуваат и Наковски и Талески, кои утре заминуваат за Нов Зеланд.

Извадок од весник ВЕЧЕР 6. Април 2010


Македонци ќе ораат на Светско првенство во Нов Зеланд

Двајцата најдобри трактористи на државното првенство што неодамна се одржа во Новаци, на светскиот собир ќе настапат со претставници од 32 земји од светот

Трактористите Николче Талески од Новаци и Стојне Наковски од Пробиштип ќе ја претставуваат Македонија на 57. светско првенство во орање што од 10 до 19 април ќе се одржи во Медхев, Нов Зеланд.

Двајцата најдобри трактористи на државното првенство што неодамна се одржа во Новаци, на светскиот собир ќе настапат со претставници од 32 земји од светот.

- Нашите претставници ќе се натпреваруваат во категоријата тешки трактори, вештина за орање со реверзибилен и со конвенционален плуг. Очекуваме добри резултати од учеството на нашата репрезентација во ова светско семејство каде што ќе настапиме под уставното име на државата - рече Перо Митрев од Управниот одбор на Светската организација на земјоделци-трактористи.

Голем предизвик, но и успех и добар пласман на Светското првенство очекуваат и Наковски и Талески, кои утре заминуваат за Нов Зеланд. Настапот е во организација на Сојузот за техничка култура во стопанството на Македонија при Народна техника на Македонија.

На Светското првенство во орање се избираат победници во категориите тешки трактори и вештина за орање со реверзибилен и конвенционален плуг, како и најдобар орач на светот.

Ова е второ учеството на Македонија на Светското првенство во орање. Во минатата година на првенството што се одржа во Моравске Топлице, Словенија, првпат Македонија ја претставија Драги Митев од Паликура, Кавадаречко и Благоја Јовановски од Новаци.

Извадок од весник Дневник 6 Април 2010

Слики 50ти Државен натпревар на трактористите од Република Македонија во Новаци

novaci1

novaci2

novaci3

novaci4

novaci5

novaci6novaci7

novaci6

novaci8

novaci9

novaci10