ТРИБИНА

TРИБИНА НА ТЕМА “ПРИДОНЕСОТ НА НЕВЛАДИНОТ СЕКТОР ВО ОПРЕДЕЛБАТА НА МЛАДИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ОРИЕНТИРАЊЕ КОН ПРИРОДНИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ НАУКИ”

Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија - Народна техника во  рамките на Саемот за обрзование и кариера беше организатор на трибина на тема “Придонесот на невладинот сектор во определбата на младите за професионално ориентирање кон природните и техничките науки”. Трибината се одржа на 16 април во Конгресниот центар при Скопски саем. Воведно излагање на трибината имаше проф. д-р Христина Спасевска, претседател на СЗТКМ-Народна техника на тема “Капацитети на СЗТКМ-Народна техника во стимулирање на  активностите на младите во областа на природните и техничките науки”.

Учесници на трибината беа претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Инженерска комора на Македонија, Инженерска институција на Македонија, Невладини организации, декани на техничките и природно-математичките факултети, директори на средни и основни училишта кои биле вклучени во активностите на СЗТКМ-Народна техника, професори – членови на комисиите на натпреварите на СЗТКМ-Народна техника, постоечки и поранешни претседатели и секретари во сојузите на СЗТКМ-Народна техника.
Во плодната дискусија, од тибината произлегоа повеќе заклучоци. Имено, следејќи го интересот на младите за студирање природни и технички науки, исклучувајќи ја информатиката, се доаѓа до заклучокот дека бројот на професионалци во овие дисциплини се намалува од година во година. Тоа претставува светски тренд што во голема мера има рефлексија и во Македонија.
За да се подобри ваквата ситуација потребно е активен ангажман на сите релевантни институции, како владини и така и невладини, во анимирање на младите за овие дисциплини уште од најраната возраст, во текот на образовниот процес, но и во нивните воншколски активности.
Најновите светски стратегии и техники на учење предлагаат воведување на истражувачката постпка во наставата и афирмирање на практичната работа со цел зголемување на истражувачкиот и иновативниот потенцијал на учениците. Тоа овозможува  напуштање на ставот дека за совладување на програмски предвидените знаења на учениците им е потребно корисење само учебници и други пишани материјали, без да се поттикнува нивниот активен однос кон творечкото ангажирање.

tribina1
tribina2

 

tribina3